Во Македонија постои јасна тенденција за неказнивост на насилството врз новинарите затоа што ниеден насилник не е изведен пред лицето на правдата. Потребно е да се изгради институционален механизам за превенција и казнување на насилството над новинари, за кој ЗНМ е подготвен да соработува со институциите.
Ова го истакнал претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, на која присуствувале претставници на пет други граѓански организации.
Како што соопшти ЗНМ, амбасадорот Гремингер, кој престојува во дводневна посета на Македонија ги запознал претставниците на граѓанските организации со целите на посетата во Македонија, да види како земјата ја надмина политичката криза и да се запознае со агендата за реформи на Владата, за што, рекол, ОБСЕ е заинтересирано да ги поддржи тие напори.
Во врска со измените на медиумските закони, Селмани рекол дека дебатата место да го подобри текстот на законот, тој се влошува. За ЗНМ, рекол, е апсолутно неприфатлива идејата на Владата да ја регулира медиумската содржина.