• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ЗНМ: Oсуда за заканите кон новинарите и медиумските работници на Канал 5

by А1он16/01/2023 - 13:30395
Share0

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ја осудува заканата кон новинарите и медиумските работници од телевизијата Канал 5 која беше упатена од страна на лице на социјалната мрежа Фејсбук.

Добивај вести на вибер

„Поконкретно, на објава на Канал 5 на Фејсбук, од профил именуван како Роберт Елбанасов упатен е недоличен коментар со закана. Ваквите коментари можат да предизвикаат страв кај новинарите и медиумските работници и да ја загрозат нивната безбедноста преку поттикнување на насилство.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години“, велат од ЗНМ.

„Исто така, укажуваме дека овие закани се кривични дела за кои постои позитивна судска пракса и за кои ЗНМ во 2020 година има добиено судски случај пред Основниот кривичен суд за закани кон новинарите објавени на социјалните медиуми.

ЗНМ за оваа закана поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и побара од надлежните во МВР итно да се преземат мерки за што бевме известени дека во моментов се води истрага и се постапува“, соопштуваат од ЗНМ.

znm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен