ЗНМ: Новинарите за инцидентот во Собранието ќе одат и до Стразбург

Од:

ЗНМ незадоволно од исходот по исфрлањето на новинарите од собраниската галерија пред три недели, најави дека правдата ќе ја бара во македонските судови. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе се емитува в недела, изјави дека доколку и таму не добијат правда, тогаш тие ќе се обидат да ја најдат во Меѓународниот суд за човекови права

„Нашиот правен тим треба да ги спреми тие документи и иницијативи пред судовите во Македонија. Ние веќе знаете дека ја информиравме и меѓународната заедница и сите институции и организации за тоа што се случи во Македонија, но ние чекаме да ја видиме реакцијата што ќе дојде од меѓународниот фактор. Ние веќе сме во комуникација со претставниците на Европската комисија, ние сме отворени да помогнеме да се излезе од оваа ситуација“, вели Селмани.

Тој додава дека нема да дозволат овој инцидент да помине неказнето и дека ќе ги искористат сите институционални и демократски инструменти за да се истера правдата до крај.

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева