ЗНМ: Ќе го обновиме дијалогот кога ќе се утврди одговорноста за инцидентот со новинарите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија порача дека ќе го обнови дијалогот за слободата на изразување веднаш штом ќе се расветли инцидентот со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24. декември.

„Во врска со договорот на политичките партии за надминување на политичката криза, во кој се изразува спремност да се продолжи дијалогот со Здружението на новинарите на Македонија, сакаме уште еднаш да го реафирмираме нашиот став дека сме спремни како и досега сите предизвици поврзани со слободата на изразувањето да ги решаваме низ дијалог со институциите низ еден транспарентен и инклузивен процес.
Во една земја негувањето на отворен дијалог за справување со големите предизвици претставува најдобра легитимација на нејзините демократски капацитети и европски стремежи.

ЗНМ, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот штом надлежните институции го расветлат инцидентот со новинарите и утврдуваат одговорност за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија. Со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни.

Потсетуваме дека целта на дијалогот беше да ја зајакнеме слобода на изразување и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување“, порача ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје