ЗНМ ја осудува јавната пресметка од страна на општина Валандово со новинарите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија ја осудува јавната пресметка од страна на општина Валандово со новинарите.

„Денеска на официјалниот профил на општина Валандово на социјалната мрежа Фејсбук беше објавена реакција предизвикана од објавите на новинарот Ване Трајков, со наслов “Фолк Фест Валандово не доби пари од Министерството за култура оти општината аплицирала на погрешен конкурс”.

Во текстот на реакцијата на општина Валандово на Фејсбук се вели дека поради објавувањето на оваа вест од страна на колегата Трајков, без притоа да побарал одговор и од општината, како што било побарано од Министерството за култура, сметаат дека истата била непрофесионална и тенденциозна.

ЗНМ алармира дека ваквата јавна комуникација може да се толкува како обид за цензура. Потсетуваме дека новинарите имаат легитимно право да се интересираат за работата на општините посебно во делот на алокација на јавни средства.

ЗНМ, како и регионалниот центар на ЗНМ во Струмица апелира дека доколку општината Валандово имале незадоволство од начинот на известување на било кој новинар или медиум, постојат на располагање саморегулативни механизми како претставка до Совет на Честа при ЗНМ или до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ)“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага