ЗНМ ја осуди забраната на „Телма“ за коментирање на интернет

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку соопштение истакна дека остро ја осудува практиката на Атанас Кировски, директор и главен и одговорен уредник на „Телма“, кој на новинарите од телевизијата им забранува да објавуваат какви било коментари, мислења и анализи на социјалните мрежи и им се заканува со казни ако не ја почитуваат ваквата наредба.

„Општо и арбитрарно забранување на секакви коментари и мислења на новинари во социјални мрежи повикувајќи се на почитување на наводна неутралност од политичките процеси, претставува најбрутално кршење на слободата на говорот, кое е загарантирано со македонското и меѓународното право. Оваа забрана е еклатантен пример на цензура на интернет, која има за цел да поттикне самоцензура кај новинарите на ‘Телма’ за да го прилагодат нивното известување согласно вкусот на главниот и одговорен уредник Кировски“, наведе ЗНМ во соопштението.

Здружението додава дека во светот има практики каде новинарите се повикуваат да се воздржат да коментираат за политичките процеси на социјалните мрежи со цел да се сочува угледот на медиумот и тоа претежно се применува во јавните радиодифузни сервиси.
Меѓутоа, како што велат, таквото ограничување е предвидено во внатрешните етички кодекси на медиумот, кои се јавно објавени и каде јасно се прецизира за кои новинари се однесува и во кои ситуации можат да се применат ограничувањата.

„Самиот факт дека забрана за коментирање на социјални мрежи не го опфаќа и самиот директор и главен и одговорен уредник на ‘Телма’, покажува дека практиката не е формализирана преку донесување внатрешен акт, туку е своеволна одлука, која е селективна и дискриминаторска. Целта на забраната првенствено не е да се сочува угледот на телевизијата, туку да се контролира новинарската слобода“, смета ЗНМ.

Здружението јавно го повика Кировски да ја повлече ваквата забрана затоа што, како што наведе, со вакви непромислени одлуки се ограничува новинарското изразување, што негативно ќе се одрази на квалитетот на програмата и угледот во јавноста за „Телма“, која претендира да биде слободен и професионален медиум.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје