ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното јавно обвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори.

Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во три фирми дали е надминат законскиот лимит од 15 илјади евра за рекламирање во вкупно девет портали каде ВМРО ДПМНЕ се рекламирала.

– Бараме од ОЈО со внимателност да пристапи кон понатамошната истрага со цел да не се создаде впечаток во јавноста дека истрагата е селективна само кон една политичка партија зошто во регистарот на ДИК имаше пријавено 235 онлајн медиуми со различни уредувачки политики, а речиси половина од нив без објективна информација кој стои зад нив. Освен ова, истрагата треба да е транспарентна и непристрасна со цел да се избегне перцепција дека со вакви активности органите на прогонот сакаат да ги заплашат професионалните он лајн медиуми, истакнаа од ЗНМ.

Од Здружението потсетија дека пред усвојувањето на Изборниот законик, ЗНМ како партнер во процесот на консултациите од Министерството за правда инсистираше на укинување на праксата на платена политичка пропаганда во медиумите. Наместо нашите препораки, политичките партии со консензус уште повеќе ги намалија критериумите за кои онлајн медиуми можат да се пријават во ДИК за платена политичка програма.

– За овој ризик од корупција дозволен со Изборниот закон, ЗНМ алармираше на повеќе наврати дека претставува ризик за перење на јавни пари од страна на политички партии преку фиктивни медиуми, потенцираа од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје