ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми

Од:

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на одредени медиуми за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-вата годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Доцна попладнево, дел од македонските медиуми добиле негативен одговор во врска со нивното барање за акредитација на овој настан, без никакво дополнително објаснување, иако апликациите биле поднесени во бараниот рок. По денешните забрани за пристап до локацијата каде што ќе се одржи одбележувањето на овој значаен датум, ЗНМ денеска по вторпат реагира за ситуација во која што новинарите се спречени да ја вршат работата професионално, што пак носи ризик од недоволна информираност на јавноста.

Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници имаат право да бидат присутни на настан од јавен интерес бидејќи тоа е дел од нивната работа, исто како и сите други јавни функционери кои ќе бидат дел од манифестацијата. ЗНМ вечерва испрати и допис до Владата на РСМ во кој бара да се објасни и воедно да се промени одлуката за акредитирање на конкретните медиуми, со цел истите да можат утре да го проследат настанот“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи