ЗНМ го осудува насилството врз новинарите на синоќешните протести

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудува полициско насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред канцелариите на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје.

– Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наќе Батев од „Вечер“ и Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите новинари и слободата на медиумите.

Професионалните апарати и објективи јасно ги идентификуваат фоторепортерите како новинари на задача, се вели во соопштението од ЗНМ.

Нападот врз нив, како што се наведува, е со намера да ги спречи нив да фотографираат кога полицијата интервенира против демонстрантите.

– Со насилство против новинари полицијата сака да сокрие од јавноста користење на неселективна и прекумерна сила врз граѓаните. Со тоа полицијата свесно се стави во улога на цензор и да одлучува што смее да се информира од протестот, стои во соопштението.
Од ЗНМ бараат од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веднаш да ги идентификува насилните полицајци и најостро да ги казни.

– Досега МВР нема расветлено ниту еден случај на насилство против новинари на протести. Ваквото непрофесионално однесување повеќе не може да биде случајност. Полицијата свесно ги прикрива насилниците и делува како да е надвор од цивилна контрола, се вели во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура