ЗНМ го осуди вербалниот напад кон новинарската екипа на ТВ Канал ВИС

Од:

„Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува вербалниот напад и недоличното однесување на градоначалникот на општина Ново Село Блажо Велков и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Божин Јованов кон новинарската екипа на ТВ Канал ВИС од Струмица. Колешката Стојне Митева и снимателот Кире Пиличев биле навредувани со најгрди зборови и спречени да известуваат од седницата на Советот на општина Ново Село одржана вчера, а на која се расправало за распишување референдум за или против работата на рудникот Иловица.

За ЗНМ е недозволиво градоначалник на една општина, во случајов Блажо Велков, да спречува новинари во професионално работење, иако станува збор за јавна седница, какви што треба да бидат сите седници на еден општински совет. Уште понедолично е колегите да бидат навредувани од советници избрани од граѓаните. Тие наместо да се залагаат за отчетност и транспарентност пред избирачите, а тоа најдобро се прави преку медиумско пренесување на нивната работа, се обидуваат да ги спречат новинарите во исполнување на своите обврски.

ЗНМ бара одговорност за ваквото недолично однесување на градоначалникот и советникот од општина Ново Село. Најмалку што може да сторат е јавно да им се извинат за таквите свои постапки на колегите од ТВ ВИС. Истовремено, ги повикуваме политичките партии пред локалните избори да ги повикаат своите членови и активисти да се воздржат од ваквото однесување кон медиумите“, се вели во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија .

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада