ЗНМ го осуди насилството врз новинарите

Од:

„Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува насилството врз новинарите од полицијата и насилните протестанти во Скопје.

Насилството против новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за настани од јавен интерес.

Поразително е за македонската демократија кога полицијата тепа новинари на протести место да им обезбеди услови за непречена работа. Да се истура граѓанското незадоволство на протести врз новинарите е чин на кукавичлук и примитивизам.

Бараме МВР, обвинителството и судовите да ги открие и казнува насилниците. Ако брзо не се расветлат овие напади во јавноста ќе се создаде сомнеж дека институциите свесно толерираат насилно против новинари.

Предупредуваме дека ваквото неодговорно однесување на институциите може да поттикне уште посериозни напади против новинарите со трагични последици.

Повикуваме медиумите протестите да ги покриваат со искусни и обучени новинари, видно означени со потребни легитимации. Новинарите кога следат насилни протести пред се треба да водат сметка за нивната безбедност и да одбегнуваат да се движат меѓу протестантите и полицијата“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он