ЗНМ го осуди нападот врз редакцијата на Радио Слободна Македонија

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска преку соопштение го осуди неодамнешниот напад на дел од демонстрантите врз редакцијата на Радио Слободна Македонија во Скопје и бара од институциите веднаш да ги откријат напаѓачите и најостро да ги казнат.

– Секој напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани. Неказнувањето на насилството може да доведе до многу посериозни последици врз сигурноста и безбедноста на новинарите, се вели во соопштението.

ЗНМ во соопштението наведува и дека го осудува односот на властите кон новинари од соседните земји и посочува дека „е несфатливо што забраниле влез во Македонија на тројца новинари од весникот 24 часа од Бугарија, а еден новинар од Телевизија Топ Ченел од Албанија бил задржан на информативен разговор во Скопје“. – Ги повикуваме институциите да не ги попречуваат новинарските екипи во нивната работа и да не креираат недоверба во јавноста кон новинарската професија, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага