А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

by А1он07/12/2022 - 20:55168
Share0

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на денешната прес конференција.

Добивај вести на вибер

„Денеска, генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот и на крајот не сакаше да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски. На таквата негова постапка, колегите новинари разочарано изреагирале дека тие не се дојдени да само да држат микрофони туку и да постават прашања кои се од јавен интерес за граѓаните на градот Скопје“, велат од ЗНМ.

„Апелираме дека јавните функционери треба да се трудат да дадат одговори на сите новинарски прашања, а не да ги игнорираат и понижуваат новинарите и медиумските работници.

Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа“, се додава во соопштението на ЗНМ.

znm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен