ЗНМ: Бараме извинување за јавните омаловажувања кон колегата Сабриоски објавени на Цивил Медиа

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира и го осудува омаловажувачкиот однос и нападот кон новинари на лична основа во објавата на Civil Media со наслов: ,,Медиумите на кратко јаже со центарот на лагите”.

Во колумната авторот на текстот Љубомир Костовски, на непристоен начин го коментира личниот изглед и стилот на облекување на новинарот од ТВ24 Сунаи Сабриоски, а притоа прави обид за негова дискредитација и на медиумот во кој тој работи.

Укажуваме дека слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањата на овие слободи вклучуваат обврски и одговорности. Неспорно е правото на јавна критика, но критика на физички изглед или стил е крајно омаловажувачко и непристојно. Освен ова, Костовски во својата објава додава: „Другите телевизии даваа граѓани кои едноставно оделе во Тинекс и други шопинг центри каде цените – јасно кажаа – се замрзнати. Е, тоа е разликата која чисто покажува дека ТВ 24 е најизразениот идеолошки јаничар на овдешната ТВ сцена“.

Објавување на ваков тип на содржина за колегата Сабриоски но и користење на ваков вокабулар кон било кој медиум, може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и останати поединци со што кривична одговорност освен сторителите имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза.

Уредничкиот тим на овој медиум, не смее да се затскрива зад правото на став и колумна на своите соработници и тие имаат обврска да укажат кога со одредени написи може да се загрозат туѓи права како што е во случајов правата на колегата Сабриоски, но и правата на потенцијално други медиумски работници од оваа телевизија.

Оттука, го повикуваме авторот на текстот Љубомир Костовски и уредникот на онлајн медиумот Civil Media јавно да се извинат на колегата од ТВ24 Сунаи Сабриоски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева