Знамето на НАТО подигнато на јарболот пред Собранието

Од:

Пред Собранието на Република Северна Македонија од денеска официјално заедно со државното знаме се вее и знамето на НАТО.

Инаку, претседателот на Собранеието Талат Џафери синоќа беше домаќин на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на амбасадорите во Северноатлантскиот совет од 29-те земји членки, кои денеска го одржаа првиот состанок по потпишувањето на Протоколот за полноправно членство на земјава во Алијансата.

Џафери изразил задоволство што е домаќин на Северноатланскиот совет, што за нашата држава, стои во соопштението од неговиот кабинет, претставува своевидно признание и потврда дека заслужено стануваме 30 – та членка на НАТО Алијансата.

Генералниот секретар Столтенберг, во оваа прилика порачал дека со нетрпение чека земјава да стане триесеттата членка на Алијансата и да го види нашето знаме развеано пред седиштето на НАТО во Брисел, како и пред мисиите и операциите насекаде низ светот.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски