ЗНАМ: Филипче ти и твојот ментор Заев сте срам за сите чесни членови на СДСМ

Од:

Венко Филипче денеска ја покажа најголемата вистина за себе – стравот. Стравот од моќта на ЗНАМ. Стравот од тоа што граѓаните ја препознаваат искреноста, доследноста и борбата на нашето Движење.

Она што навистина го парализира Филипче е очигледниот страв дека на претстојните избори не го чека само пораз, туку катастрофален дебакл од
кој враќање назад нема, наведуваат од Движењето ЗНАМ За Наша Македонија.

Денес, истиот тој човек кој цело лето го помина на луксузни јахти и крстарења низ Медитеранот, се осмелува да зборува за чесност и да повикува на враќање во СДСМ.

Тоа е навреда за сите чесни членови на СДСМ и лицемерие од највисок степен.

Венко, вистината не може да се сокрие со зборови. Твоето владеење беше синоним за криминал и злоупотреби – од скандалозни тендери и провизии во здравството, до неспроведени и нетранспарентни проекти како Клиничкиот центар, кој заврши во коруптивен мрак.

Ти си човекот кој ја користеше функцијата за лична корист, а јавноста долго време го гледаше тоа преку сомнителните набавки, скандалозните договори и милионските тендери.

Златната виза што ја стекна е јасен симбол на твојата алчност и на распродажбата на македонските интереси. Јавноста заслужува одговори од твоја страна за тоа како и зошто доби привилегија која отвори врата за сомнителни бизнис и странски инвестиции на сметка на државата!

Со резолуцијата што ја достави пред неколку дена, повторно го покажа своето вистинско лице – злосторникот се враќа на местото на злосторот!
Без срам, без морал, подготвен да ја распродаде државата и повторно да ги стави личните и партиските интереси пред граѓаните.

Движење ЗНАМ за наша Македонија е партија, партнер во власта, која функционира како вистински коректор- со визија, со програми, со конкретни решенија и со чесни политики кои го ставаат граѓанинот на прво место.

Ние не менуваме имиња, туку предводиме реформи, ги разбираме проблемите на граѓаните, ги корегираме системските пропусти и носиме решенија.
Нашите политики се чесни, транспарентни и одговорни.

На претстојните локалните избори не те очекува само пораз, ќе доживееш невиден политички дебакл, заслужена пресуда од народот за сите афери, за сите сомнежи и за секоја распродадена надеж, наведуваат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници