Знаејќи дека живее сам за неколку месеци два пати го ограбиле

Од:

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против  Т.С.(38), А.М.(33) и З.П.(28) сите од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела “разбојничка кражба“ и “разбојништво“.

Имено, знаеајќи дека оштетениот Р.И.(61) од с.Горно Јачинце, општина Старо Нагоричане, живее сам, пријавените со намера за себе да прибават противправна имотна корист во два наврати влегле во неговиот дом и тоа прво на 29.11.2012 година, околу 21,00 часот, Т.С и А.М насилно влегле во куќата на оштетениот и почнале да пребаруваат, а откако оштетениот излегол од собата да види кој тропа, истите физички го нападнале при што го собориле на земја, во устата му ставиле најлонско кесе за да не вика и заканувајки се дека ке го убијат,  му одзеле паричник во кој имало 1.000 евра и 16.000 денари, по што избегале од лице место.

Исто така, на 28.03.1013 година, околу 20,00 часот, Т.С. заедно со З.П, повторно отишле во куќата и почнале да тропаат на вратата и откако оштетениот отворил истите го турнале внатре во собата, го собориле на креветот и му извршиле пребарување по џебовите, при што му одзеле паричник во кој имал 1.000 денари, еден мобилен телефон и одзеле неколку предмети од покуќнината, со што се стекнале со противправна имотна корист од 10.000 денари.

По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија од Основен суд Куманово на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Инаку,  пријавените  се познати сторители на кривичните дела од областа на имотни деликти и тоа тешки кражби и кражби, додека Т.С. е познат сторител и на разбојништво, затајување и измама, а З.П е познат сторител и на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, за што се и осудувани.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи