А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Значајно зачестено барањето за домашна посета, Филипче уверува дека има кадар

by Маја Илиевска-Пачемска14/03/2020 - 14:1614/03/2020 - 14:50650
Share0

По воведувањето на мерките за заштита од коронавирусот зачестиле барањата на граѓаните за домашна посета од медициски лица, извести министерот за здравство Венко Филипче. Тој ги повика граѓаните да ја користат можноста за помош во домашни услови и укажа дека и Итната медицинска помош и патронажните служби имаат капацитет да одговорат на барањата.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во изминативе денови значајно е почесто барањето за домашна посета од страна на граѓаните, што не е лошо. Напротив, добро е. Со какви било симптоми добро е да се осигураме дали може да се лекува во домашни услови или има потреба од дополнително дијагностицирање. Се зголеми капацитетот на службата за Итна медицинска помош во Скопје со возила. Дел од возилата кои беа планирани за други места во меѓувреме стигнаа, сега се сите во Скопје со што значајно се надгради капацитетот за дополнителни 70-80 проценти“, рече министерот Филипче.

Здравствениот дом Скопје ги сопрел сите специјализации на вработените. Младите доктори испретани на специјализации се вратиле назад и сега помагаат токму во Итната помош и домашната посета.

„Очекувано е во овие моменти кога препорачуваме да се остане дома да има зачестени повици. Итните служби и службите за патронажа ќе излезат во пресрет. Сега тие располагаат и со кадар“, уверува министерот Филипче.

Следете a1on на Youtube YouTube
filipcekoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија

Горан Наумовски20/11/2026 - 13:50

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Горан Наумовски19/11/2026 - 09:02

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски14/11/2026 - 14:3014/11/2026 - 14:38

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски04/11/2026 - 15:2204/11/2026 - 15:22

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски28/10/2026 - 11:5928/10/2026 - 15:19

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Горан Наумовски26/10/2026 - 13:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео