ЗМСТАС: Гранковиот синдикат се уште без одговор на нашите барања

Од:

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас“ соопшти дека се уште не добиле одговор на барањата кои ги поднеле до Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Тие наведуваат дека на 6 јуни се сретнале со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и од име на Унијата на здруженија на здравствени работници со средно, вишо и високо образование, преставувано од Здружението упатиле барања за: зголемување на коефициентот од 1.8 на 2.40 на групата со средна стручна спрема, алатка за унифицирана методологијата за пресметка на додатоците на сменско работење, ноќна работа и дежурства, корекција на профилите во колективниот договор.

Тие бараат профилот да влезе во Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траењње, поднесување на старосната граница на нивните профили за пензионирање и измена на членот 216 од Законот за здравствена заштита за давање на континуирани здравствени услуги во вид на дежурства, да се однесува и за медицинските сестри.

Од Здружението го повикуваат Синдикатот сериозно да пристапи кон нивните барања, бидејќи, како што посочуваат, моменталната ситуација не е поволна ниту за здравствените работници, ниту пак за претседателството на гранковиот синдикат.

– Здравствените работници со средно, вишо и високо образование се револтирани што ја немаат потребната поддршка од структурите кои во отсуство на правниот субјект – комора би требало да ги застапува нивните интереси, потенцираат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска