Злоупотреба на деца во изборна кампања

Од:

Јавната администрација и на овие избори беше активен дел од политичката кампања на партиите кои учествуваа со свои кандидати на претседателските и предвремните парламетарни избори. Покрај притисоците, уценувањето, заканите и обврската постојано да бидат на располагање, од вработените, вклучувајќи ги тука професорите и наставниците, се барало активно агитирање преку телефон, присуство на митинзи и инволвирање на младите во изборниот процес, велат од невладината Цивил.

Според информациите на набљудувачи на Цивил децата масовно биле искористени за агитирање, набљудување и пополнување на бројот на присутни на митинзите. Масовната медимуска пропаганда ги вклучи дури и децата на возраст 6-10 години да дискутираат за политика. Тие се под постојано влијание на своите родители, партиски членови или загрозени работници, на кои од исходот на изборите им зависи егзистенцијата. На плоштадот во Куманово, група деца се спречкале околу кандидатите за претседател, за тоа кој е подобар. Едно дете добило ветување од родителите дека ќе присуствува на нивното гласање, за да научи како се гласа. Во Струмица децата пред куќата на пратеникот Славе Гошев гласно извикувале – Стево Пендаровски, а друга група на деца – Ѓорѓе Иванов. Парадирале по целата улицата, без никаква реакција од повозрасните. И на фејсбук биле користени фотографии на деца, облечени во партиски маици и други обележја.

Пример за партиско агитирање и вршење притисок од страна на професори имаме во Тетово. Средношколец бил повикан од својот професор на разговор во неговата канцеларија. Професорот го прашал на која партија и припаѓаат неговите родители. Исплашен за својата оценка, одговорил дека неговите родители се приврзаници на онаа партија чиј член бил професорот.

Малолетници беа присутни на митинзите на ВМРО–ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА со знамиња, капчиња и други партиски обележја во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес, Гевгелија, Скопје, Битола, Демир Хисар, Ресен и Струмица. На 24 април низ плоштадот и низ подземната гаража во центарот на Струмица, деца од турска националност, облечени во маички кои се дел од пропагандниот материјал на ВМРО-ДПМНЕ, се шетале и делеле флаери. Истиот период деца од ромска националност шетале низ градот со маички на СДСМ. Малолетни деца, со обележја на ВМРО-ДПМНЕ, делеле флаери по куќи во село Батинци. Ова се случуваше во многу општини низ Македонија. Во демирхисарското село Мало Илино, деца биле присутни на гласачкото место и ѕиркале во параваните додека другите гласале. Присуството на деца со своите родители зад параваните на денот на гласање стана како вообичаена пракса.

Во две средни училишта во Скопје, учениците биле ослободени од настава за да учествуваат на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Во едното училиште им рекле дека во Охрид ќе пее Даниел Кајмаковски, а во другото училиште на учениците со послаб успех им ветиле дека ќе им ги поправат оценките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он