Златко Марин: Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефони

Од:

„Во целост ги демантирам гласините за набавка на мобилни телефони за потребите на општинската администрацијата и Советот на Општината, како и за мене лично што денеска кружат по социјалните мрежи“, вели градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, во реакција испратена до медиумите.

„Одлуката којашто е проследена во написите е составен дел на Упатството за користење службени мобилни телефони во Општината и е изгласана на седница на Советот од страна на сите 27 советници. Имено, станува збор за определување на максимална висина на бенефиции што ќе можат да ги искористат вработените и советниците во иднина, а претставуваат право на Општина Аеродром согласно со Договорот за користење мобилни услуги со компанијата Македонски телеком во времетрање од 24 месеци.

Во тој контекст, нагласувам дека Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефонски апарати, односно станува збор за субвенција по основ на претплатничка линија. Дополнително ја информирам јавноста дека со бенефициите што ги има добиено Општина Аеродром врз основа на ваквиот Договор, за првпат во државата е овозможено јавно и транспарентно да бидат споделени во рамките на општинската администрација.

Договорот со мобилниот оператор е јавно достапен на системот за е-јавни набавки и секој може да се увери во максималниот ефект којшто Општина Аеродром го има добиено при спроведување на јавната набавка за мобилни услуги,“ вели Марин во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода