Златев нападнат во кафуле: Додека ме напаѓаше, ми се дереше „Излези надвор, многу си ни згрешил“

Од:

Љупчо Златев во полиција пријавил дека, неколку минути по полноќ, бил физички нападнат во кафуле во Скопје.

Златев на социјалните мрежи напиша дека во ходникот на локалот непознато лице почнало да го удира по градите, да го плука и да го влече кон излезот.

„Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше “Излези надвор, многу си ни згрешил, излегувај надвор… “. Јас на неговиот напад се спротиставив и не дозволив да ме извлече надвор, по што приклештен пред влезот тој неколку пати со неговата глава ме удри во пределот на челото. Веднаш кога се случи настанот од внатрешноста дојдоа гости кои лицето го истуркаа надвор, а во бунилото чув и дека човекот кој ме нападна носел пиштол. Им се заблагодарувам на овие десетина добри луѓе, кои не ги познавам а ме спасија и ги повикувам да ме контактираат за соодветно да им се заблагодарам.

Во тие моменти јас бев вчудоневиден од тоа што некој кој не го познавам сака да ме тепа и постојано прашував кој е човеков и зошто го прави ова?

Еден од оние кои го истуркаа надвор, ми рече дека се работи за лице од Автокоманда, кое е дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Истото лице, ми посочи дека надвор пред локалот бил и младиот Мијалков со уште неколку луѓе, а ве потсетувам, додека бев напаѓан бев туркан кон излезот пред кој тој се наоѓал.

Веднаш по настанот, пријавив во полиција, која експресно дојде, направивме записник и се упатив кон болница каде што ми беа констатирани лесни телесни повреди на главата и ми беше препишана терапија“, напиша Златев.

Тој вели дека се чувствува добро и дека не е сериозно повреден.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on