Златен накит и часовници украдени од куќа во Гостивар

Од:

Златен накит, часовници и девизи синоќа се украдени од куќа на улицата „Беличица“ во Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека кражбата синоќа околу 20 часот ја пријавила сопственичката на куќата М.Ф. Кражбата била извршена додека сопственичката на куќата заедно со сопругот биле излезени од домот.

Крадците влегле откако скршиле еден од прозорците на куќата по што од спалната соба одзеле две кутии со повеќе парчиња златен накит, женски часовници и 650 евра. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на 560 илјади денари, а причинета е штета од над седум илјади денари.

Полициска екипа извршила увид на местото на кражбата и се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски