Зимската служба на Град Скопје на терен

Од:

Со почетокот на снежните врнежи денеска на терен активно работи зимската служба, соопштија од Град Скопје. Машините  ќе интервенираат по потреба за расчистување на снегот и фрлање сол на булеварите и собирните улици кои се во надлежност на Градот.

– За претстојната зима Град Скопје има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, и дополнителни 1.500 тони набавени годинва. Зимската служба на располагање има 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма, информираат од Градот.

Екипите на зимската служба ќе дежураат во текот на 24 часа на две локации, на пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и на пунктот во Бутел.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на теренот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош