Зимската служба на Град Скопје го расчистува снегот

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатава ноќ и во текот на утрово интервенираа на градските сообраќајници со 23 возила, фрлаа индустриска сол и го расчистуваа снегот од коловозот.

Од Град Скопје потсетуваат дека е потребно да поминат неколку часа за да почне да функционира индустриската сол и да има ефект до -5 степени.

Во надлежност на Град Скопје за чистење се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.

Од Град Скопје им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат  на  условите на коловозите.

Градските власти апелираат до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и  да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот