А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Зибери: Заразени со коронавирус им се закануваат на епидемиолозите, кријат со кого контактирале, а некои не веруваат ни дека постои

by Кристијан Ландов29/05/2020 - 13:362310
Share0

Некои од заразените со коронавирус ги кријат контактите и упатуваат закани кон епидемиолозите, вели директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери за „А1он“. Зголемениот број на заразни од коронавирус, според него, е поради непочитување на мерките и неискреноста кај луѓето за контактите и местата кои ги посетувале. Зибери вели дека има луѓе и кои не веруваат дека вирусот постои, а со такви случаеви се соочиле тој и вработените во Центарот за јавно здравје во изминатиот период.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Најопасно нешто е ако некој не ги кажува вистинските контакти кога се зема епидемиолошката анкета, од која, понатаму се увидува колку луѓе имале контакт со заразениот, односно колку лица можат да бидат инфицирани. На таков начин, не знаеме кој со кого имал контакт и работата може да ни се искомплицира. Во вакви случаи, го известуваме Државниот санитарен и здравен инспекторат и надлежните органи“, вели Зибери.

Тој кажа дека има и случаи каде семејства во кои се знае дека има позитивен член, не креваат телефон на епидемиолозите и се кријат кога тие ќе отидат кај нив. Во вакви случаи, имало и закани.

„Има закани, има случаи каде луѓето сметаат дека ова не е вистина. Имаше семејство каде имаше заразено лице, па не креваше телефон, па потоа тоа продолжи со закани дека кај нив нема болни од коронавирус бидејќи немале симптоми. Има такви кои мислат дека ако немаат симптоми, тие се здрави, а истовремено, можат да бидат опасни за нивното опкружување. Ги известуваме надлежните, во некои случаи и лично сум интервенирал. Имаме проблем со несоработка од страна на пациентите“, додава Зибери за „А1он“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според него, непочитувањето на мерките донесени од Владата е еден од двата клучни фактори за ширење на вирусот, посочувајќи дека намален број на заболени имаше кога рестрикциите биле зајакнати.

„Јас мислам дека зголемениот број на заболени се должи на два фактори. Првиот е непочитување на мерките, втор е неискреноста на луѓето. Има многу лица кои не веруваат дека вирусот постои. Еве пример, на петти мај, додека беа мерките на сила луѓето беа поуплашени, во Скопје немавме ниту еден случај. По 24 дена, имаме 26 случаи“, вели директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери.

Во однос на заболени од коронавирусот поради непочитување на мерките при обредите во верските објекти, Зибери вели дека дополнително се чека да се види дали има заболени.

„Инкубацијата на вирусот трае 14 денови, а познавајќи го вирусот повеќе од претходно, од овие собиранки и групирања, последиците ќе дојдат по две недели од настаните. Затоа како институција апелираме да се почитуваат мерките и граѓаните да не се групираат, да бидат во близина едни до други. Овие протоколи, кои ние ги носиме, не ги измислуваме. Тие се такви во целиот свет и мора да се почитуваат“, додава Зибери за „А1он“.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео