Зибери не е изолиран, ниту тестиран, гласал во кабина оти не се чувствувал добро

Од:

Пратеникот Арбен Зибери кој вчера не присуствуваше на седницата, но дојде само за гласањето и гласаше во изолирана кабина, не бил ниту во изолација ниту пак бил тестиран за Ковид – 19, велат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претседателот и вчера уверуваше дека нема опасност за здравјето на останатите пратеници оти за гласањето на Зибери биле преземени сите мерки предвидени во протоколот доставен од Комисијата за заразни болести.

„Пратеникот не беше на седница воопшто. Тој не се чувствувал добро. Не е ни изолиран ни тестиран за Ковид – 19. Тој лично не се чувствувал добро и од колегијален аспект го информирал претседателот на Собранието дека не се чувствува добро. Оттука, по протокол од Комисијата за заразни болести што ни беше доставен преку препораките (во случај некој да се двоуми, односно субјективно да сугерира дека не се чувствува добро) подготви посебен простор за галсање. На горниот кат постои кабината за превод определена за таа намена. Кабината беше дезинфицирана и пратеникот дојде само во моментот на гласање. Директно од кола се качи во лифт па во просторијата за гласање. По завршување на гласањето тој се врати со лифтот и влезе директново кола, немаше контакт со никој“, објаснуваат од Кабинетот на Џафери.

По гласањето на Зибери, лифтот не бил во функција до моментот на дезинфицирање.

Арбен Зибери беше директор на Центарот за јавно здравје Скопје кого министерот Венко Филипче го разреши со објаснување дека пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата против коронавирусот.

На социјалните мрежи Зибери напиша дека укинувањето на тестирањето и 14 – дневната изолација за иселениците е благодарение на ДУИ и ги повика граѓаните да гласаат за премиер Албанец.

По разрешувањето Зибери изјави дека неговата смена била политичка одлука оти неговиот чичко Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски