Зибери: 20 000 евра грантови за секој млад фармер под 35-годишна возраст

Од:

Кандидатот на ДУИ за прв премиер албанец, Насер Зибери на денешната средба со земјоделците и фармерите од селото Грчец разговараше за нивните потреби и истовремено ги презентираше неговите заложби за развој на земјоделството и за поддршката на земјоделците.

-Владата ќе биде силен столб на поддршка за сите земјоделци и фармери во државата. Вие сте тие што со вашиот труд и вашите производи го храните народот, па затоа наша определба е со еден посебен фокус да се справуваме со сите предизвици со кои што се соочувате. Планираме годишна поддршка за овој сектор од 200 милиони евра, за модернизација на земјоделската машинерија, за инвестиции во руралната инфраструктура, за капитални инвестиции во системот за наводнување, посочи Зибери.

Северна Македонија цели да биде членка на Европската Унија, рече Зибери и додаде дека  земјоделството ќе биде една од основните теми за време на преговорите, затоа што ЕУ земјоделството и фармерството ги приоритизира на највисокото ниво на интерес.

– Па затоа во овој сектор ќе има многу сериозни реформи, со што ќе се подобри животот за сите нас, истакна Зибери.

Тој додаде дека на неговиот мандат како премиер ќе биде посветен на создавање можности за земјоделците кои сè повеќе го напуштаат ова поле на дејствување, а како негов приоритет ќе биде стимулирањето на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра.

-Поддршка исто така се планира и за малите, микро и средни земјоделски претпријатија, со цел да се олесни пласманот на нивните производи на пазарот, рече Зибери.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он