Журнал.мк реши да му го прости долгот на Општина Чаир

Од:

Компанијата Журнал одлучи на Општина Чаир да му го опрости долгот за услугите кои таа ги има набавено од новинската агенција Журнал.мк.

После многуте обиди во текот на цела една годна, за наплата на нашите средства, компанијата одлучи да ја амнистира општината и нејзиниот челник Изет Меџити, за долгот кои тие го имаат за услугите за рекламирање и огласување.
Журнал е свесен за тешката финансиска состојба на општините, но дека една општина како Чаир која никогаш не била наведена за финански пробеми, нема да биде во можност да исплати долг стар повеќе од една година, ова едноставно е за неверување. Дури и за сожалување.

Но ете Журнал, и покрај потребата на еден медиум за да преживе (далеку од нормално функционирање), одлучи да биде широкодушна и да отстапи од долгот кој Општина Чаир или е за сожалување и нема средства, или нема волја да го отпише.
Затоа, Журнал одлучи средствата кои ги должат Чаир и г-дин Меџити да ги намени за акцијата Чаир без отпадоци.

Оттука го повикуваме јавно г-дин Меџити средстава кои му ги должи на нашата компанија да ги пренамени за почиста средина и за поуредни улици, кои во денови на дожд и невреме се претвораат во реки, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе инвестираме во јавната хигиена

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ