„Жртви“ на транзицијата: Бранко да каже каде се парите од шверцот со нафта

Од:

Повторно на сцена се појавија, како што се нарекуваат „Жртви на транзицијата“.

И повторно истото сценарио, обвинувања и барања одговори за нешто што се случувало пред 15 или 18 години.

 Од оваа, велат,  граѓанска иницијатива бараат Бранко Црвенковски  да одговори каде отидоа парите кои тој  ги добил од шверцот со нафта, колку заработувал од тој шверц.
Бараат Црвенковски   да се повлече од политиката.

“Во исто време кога ставаа катанци на фабриките, тие со шлепери се богателе и со црни вреќи пари изнесувале од Македонија. И тоа повторно на грбот на народот. Не лажеше ќе сечел пипци на криминален октопод, кога сега гледаме дека октоподот бил Бранко. Неговите пипци на криминалот сегде допреле. Додека тој тука со криминал правел пари илјадници како нас страдаа за корка леб“, велат од Здружението.

И наместо како досега пред штабот на СДСМ или Кабинетот на Црвенковски, сега изјавата јаб дадоа  пред хотелот Континетал каде , велат,  бил договаран шверцот на нафтата во текот на 90-тите години.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски