ЖИВО: Протест „Граѓаните за Македонија“

Од:

Со почеток во 14 часот, на протестот „Граѓаните за Македонија“ граѓанска и натпартиска коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката“ се бара оставка на премиерот Никола Груевски, формирање преодна влада, која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен Јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија.“

Коалицијата „ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“ досега ја поддржуваат 80 здруженија на граѓани и над 15 политички партии, а протестот „Доаѓаме“ е дополнително поддржан и од други партии, здруженија, коалиции, пленуми, синдикати.

protestZivo1

Неколку организации се приклучуваат на протестот пред влада марширајќи и протестирајќи. Студентскиот пленум со марш од платото на УКИМ во 13 часот до Владата се приклучува на барањата на протестот.

По протестот околу 5.000 луѓе остануваат да кампуваат пред Владата се до оставката која се бара од Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија