А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жителка од Матејче се породила и го фрлила бебето во река

by А1он20/08/2016 - 12:3184
Share0

Деветнаесет годишната А.М. жителка на село Матејче вчера била примена на гинеколошкото одделение во Куманово со обилно крварење, откако претходниот ден се породила во својот дом и го фрлила бебето во реката што поминувала зад нејзината куќа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, вчера околу 11,30 часот во СВР Куманово од страна на медицинска сестра од гинеколошко одделение при Општа Болница Куманово е пријавено дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од село Матејче, Општина Липково. Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа. А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана за бременоста, на 18 август 2016 година почнала да крвари, по што отишла во тоалет во нејзината куќа каде се породила. Го извадила бебето по што го фрлила во река што поминува зад нејзината куќа. Откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во Општа болница во Куманово.

Со настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, по чија наредба од страна на лекар од судска медицина над А.М. ќе биде извршен гинеколошки преглед, а телото на бебето кое било пронајдено ќе биде предадено на судска медицина заради обдукција.

Извршен е комплетен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео