Жителите од Стар Аеродром ќе добијат нова водоводна мрежа

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска го означија почетокот на изградбата на новата водоводна мрежа на ул. „Васко Карангелески“ во близина на pоликлиниката „Јане Сандански“.

– Изградбата на новата мрежа ќе овозможи поквалитетно водоснабдување на околните станбени згради, а ќе се создадат и подобри услови за развој на локалитетот, индустриска зона – урбана единица В, рече Трајановски.

Новата водоводна мрежа ќе се гради од крстосницата на ул. „Васко Карангелевски“ со ул. „Трета македонска бригада“ до крстосницата кај pоликлиниката „Јане Сандански“ и ќе биде долга 350 метри. На овој потег ќе се постават два цевковода, првиот со профил од 150 мм за високата зона и вториот со профил од 300 мм за ниската зона. На изградбата на новата водоводна мрежа ќе работат екипи на градежната компанија АД „Енергомонт“ – Скопје, а рокот на изведба е 1,5 месец. Град Скопје за овој проект ќе одвои околу седум милиони денари.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски