Граѓаните од населба Припор, денеска на протест го изразија својот револт кон општината Кисела Вода поради неизградениот потпорен ѕид, поради кој, како што велат се појави свлечиште на патот кое одзеде еден човечки живот.
Жителите од најавеното собирно место спонтано тргнаа и ја блокираа главната улица која ги поврзува околните населби и села.
„Ние жителите од улица „14“ во населба Припор се собравме денес, јавно да ги повикаме надлежните институции – Општина Кисела Вода и фирмата Баџак, изведувач на потпорниот ѕид на оваа улица, која го доби тендерот од општината за изградба на истиод ѕид.
Да ни кажат и да не информираат: До каде е работата со потпорниот ѕид? Бидејќи од кога се отпочна со работа, а тоа беше само неколку дена, се до момент кога загина работникот од фирмата Баџак, ние жителите не гледаме никаков напредок во градбата на истиот кој претставува основнен фактор со кој улицата би била безбедна за поминување, а истата е основна потреба за завршување на личните обврски на жителите од овој дел на Припор.
Станува збор за потпорен ѕид кој мора да се заврши во најкус можен рок на оваа улица, бидејќи ние секојдневно се движиме по истата и секојдневно се загрозува безбедното движење по неа, затоа што ние не знаеме во кој момент може да се свлече и остатокот од улицата и да одземе и други жртви, порачаа жителите.