Жителите од Карпош 3 ќе добијат нов „зелен“ рекреативен центар

Од:

Општина Карпош ќе започне со изведба на нова, спортско – рекреативна зона во урбаната заедница Карпош 3, како составен дел од училишниот двор на основното училиште „Лазо Трповски“.

На овој потег ќе бидат лоцирани нови спортски терени, а веќе постоечкото игралиште кое се наоѓа во полоша состојба, ќе биде реконструирано и прилагодено за играње на мал фудбал и ракомет.

Исто така, предвидена е изградба на нов терен за кошарка.

Во рамки на оваа зона се предвидува и фитнес дел, со спортски направи за вежбање и детско игралиште, како и соодветна урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци) и осветлување.

Општината планира и поставување на систем за наводнување на зеленилото, со цел, тоа да биде одржувано во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Реакција од општина Карпош во врска со барањата за легализација

Општина Карпош со реакција до кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски: Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица, а не се фирми

Горан Наумовски

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка