Жителите на гевгелиско Негорци денеска и утре без вода

Од:

Жителите на гевгелиското село Негорци, кои со вода за пиење се снабдуваат од резервоарот „Фик“ денеска и во текот на утрешниот ден ќе имаат повремени прекини во водоснабдувањето.

Екипите од гевгелиското јавно претпријатие „Комуналец“ утрово пред заминување на терен соопштија дека прекините ќе бидат поради реконструкцијата на дел од постојната дистрибутивната мрежа со ф-100 мм и поради ставањето во функција на новата водоводна линија со ф-110 мм на потегот од резервоарот до бензинската пумпа на влезот во селото Негорци.

Покрај ова, од секторот за водовод и канализација на Комуналец најавија дека ќе продолжат работите на затнатите канализации, дефекти со кои предничат селата Прдејци и Мрзенци каде што се случиле повеќето од регистрираните 26 дефекти само во текот на јуни. Посебно во овие две населени места по отстранувањето дефектите се повторуваат поради што комуналните инспектори најавуваат преземање казнени санкции против сите прекршители затоа што се големи штетите кои се предизвикуваат.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински