Жителите на Центар ќе ги користат паркинг местата на „Градски паркинг“ и „Паркинзи“

Од:

Граѓаните на општина Центар отсега ќе може да паркираат на сите паркинзи што се во надлежност на „Градски паркинг“ и „Паркинзи“ на општина Центар без разлика со кои од овие две јавни претпријатија имаат регулирани односи за паркирање.

За таа цел денеска во просториите на општина Центар двете јавни претпријатија потпишаа Меморандум за соработка.

– Граѓаните побараа без разлика каде имаат остварено право за паркирање, да можат да паркираат и кај другата служба. Така што ако имаат регулирано односи за паркирање со „Градски паркинг“ да може тоа право да го остваруваат и на „Општински паркинг“, појасни градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ пред потпишувањето на меморандумот.

Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денешното потпишување на меморандумот е плод на добрата соработка меѓу Град Скопје и општина Центар и меѓу двете јавни претпријатија.

– Меморандумот е во интерес на граѓаните на општина Центар за да може да немаат дилема и проблеми дали ќе бидат со едното или со другото претпријатие и дали ќе паркираат во зоната која е во надлежност на Градски паркинг или Паркинзи на општина Центар, истакна Трајановски.

Меморандумот подразбира користење на сите паркиралишта од отворен и затворен тип на двете јавни претпријатија и се однесува само за жителите на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете