Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференцијата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека и до него стигнувале информации како онаа дека граѓани што се вратиле од Италија и живеат во скопско Сингелиќ бегале преку прозорец кога медицински екипи дошле да проверат по пријава од соседите. Новинарката посочи дека медицинарите ги чекале два часа да се вратат, но ги намало, по што таа му потенцира на министерот дека вакви случаи имало и во струшки села, но и во скопско Лисиче.
„И до мене стигнуваат многу такви информации. Секогаш ги известуваме соодветните служби, првин локалниот центар на јавно здравје, а доколку е потребно и полицијата. Не можам да коментирам конкретни случаи за тоа што се случувало. На тоа што посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион – Октиси, Лабуништа итн. Тоа се места каде што и претходно имало интензивна комуникација со луѓе од Дебар и околината“, рече Филипче.
Тој повторно апелираше сите граѓани да се придржуваат до мерките кои ги донесе Владата.
„Ќе го повторам апелот, луѓето да седат дома и да не излегуваат без некоја посебна потреба. Да се самоорганизираат, во смисла за влегувањето во маркетите да не ствара голема гужва бидејќи тоа е единствениот начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот“, додаде Филипче.