Жители на Ново Маало: Општина Центар да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот Гранд

Од:

Откако вчера Министерството за транспорт и врски по елаборатот за евентуална суспензија на нашиот ДУП изјави дека не е утврдена никаква штета по јавниот интерес, бараме од Општина Центар како надлежна за носење на конечна одлука да го почитува нашето право на сопственост, да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот Гранд, велат група граѓани, жители на Ново Маало.

„Дали општината ги утнала елаборатите или не, за нас тоа апсолутно нема значење, основ за суспензија нема. Затоа, ние бараме од институциите повеќе да не си ја префрлуваат топката и ова прашање да се затвори, а ние да го добиеме она што ни следува и според Уставот и според Законите.

Половина век се бориме да ги оствариме нашите права и сега конечно имаме инвеститор со кој ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век. Сите оние кои ги спорат условите во кои се живее во Ново Маало, слободно можат да дојдат и да видат дали во 21 век се живее со септички јами, прокиснати кровови и кал до колена.

Уште еднаш ги потсетуваме и институциите и јавноста која бара паркови на наши парцели дека правото на сопственост е уставно загарантирано право. Никој освен нас не може да одлучува за тоа што ние ќе правиме со нашите имоти. Ова се приватни парцели, приватен имот. И според ДУП и според ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и деловен простор, тоа и ќе се гради.

А што се однесува до јавно зеленило, да и тоа ќе го има, и тоа многу повеќе од она што го има сега, односно над од 6000 м2 само на парцела 1.1. Сега има само распукан асфалт и ништо друго, а оваа локација која е во срцето на градот, за жал е едно големо ругло и срам за една метропола“, се додава во соопштението на група граѓани, жители на Ново Маало.

Би можело да ве интересира

Богдановиќ: Изградбата на зградите кај „Холидеј Ин“ не може да влијае на изборите оти Центар покажа спремност да направи промени

„НаТочак“: Планот спроти „Холидеј Ин“ е небезбеден, недемократски и автоцентричен

Ана Ололовска

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ поднесе претставка до Инспекциски совет за ДУП-от кај „Холидеј Ин“

Ана Ололовска

Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти „Холидеј ин“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за четири пати

Општина Центар: Не можеме да спречиме да се гради кај „Холидеј ин“, немаме основа да го суспендираме ДУП-от

Жарко Настоски