Жители на Ново Маало: Белчева да престане да не блокира и да ја замајува јавноста

Од:

Група жители од Ново Маало, каде денеска започнаа градежните активности на паркингот кај Холидеј ин, преку соопштение до јавноста бараат од советничката на Општина Центар, Јана Белчева, да престане да ги блокира.

Соопштението на жителите од Ново Маало го пренесуваме во целост:

„Ние жителите на Ново Маало сме крајно револтирани од постапките на советничката група „Шанса за Центар“ и Јана Белчева кои продолжуваат да ги манипулираат граѓаните на Центар.

Неверојатно е како продолжуваат да ни оневозможуваат на нас граѓаните од Ново Маало да си ги оствариме нашите права, токму како што Белчева си ги остварува своите. Белчева од удобноста на својот дом заради политички поени спречува ние да имаме хумани услови за живот, но пострашно од тоа е што лицемерно се бори само против нашите градби, додека премолчува градби кои се од нејзин личен интерес.

Крајно сме револтирани од ваквиот однос и во следниот период ќе ги изнесеме на виделина сите манипулации кои ги прави и се прикажува како наводен борец за хумана животна средина додека самата ги ужива поволностите на градењето за свои потреби.

Ги повикуваме веднаш да се повлечат од идејата за понатамошни блокади бидејќи со почетокот на градбата на проектот ние жителите на Ново Маало во целост ги решаваме 50-годишните проблеми кои генерации од нашите семејства не успеваа да ги надмината. Доста ни е живот во кал и нерешени основни комунални проблеми во сред Центар на градот“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Започнува кампања за промоција на комплексот „Гранд“ – наскоро најатрактивната локација достапна за потенцијалните станари

Инспекцијата од Центар не направила увид кај „Холидеј ин“ оти нема жалба, ниту поплака за новата дваесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Градежен инспекторат: Центар треба да ја прекине градбата на дваесеткатницата кај „Холидеј Ин“

Градежниот инспекторат мижи за изградбата на дваесткатницата кај „Холидеј Ин“, „Зелен хуман град“ најави кривична

Маја Илиевска-Пачемска

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

А1он