Жители на Дебар Маало: Нема да дозволиме власта да го уништи Дебар Маало

Од:

„Државната власт е власт, но и ние имаме свои права и не даваме Дебар Маало да се уништи, вака жители на Дебар Маало, синоќа на средбата со градоначалникот Андреј Жерновски, службите на општината и НВО секторот, го изразија својот револт за како што велат, повеќе децениското дивеење на градежната мафија и како што велат, урбанистичко силување на овој дел од центарот на Скопје.

За да ги искажат своите проблеми и да ги сменат работите со носење на детален урбанистички план според нивните потреби, не им пречеше ниту поројниот дожд ниту грмотевиците. Јасно порачаа – кај ПУИГ не сакаат нова станбена зграда, ниту пак 55 катница на местото на општината“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Sredba so gragjani - Debar Maalo 9 (2)

„На местото на локацијата кај ПУИГ, наместо зграда ќе има зелена површина, детско игралиште и реквизити за играње. Затоа е неопходно да ги пополните анкетните ливчиња со Ваши барања и забелешки и доколку Министерството за транспорт и врски не даде согласност за ДУП-от, тогаш ќе треба да се соочат со вољата и незадоволството на граѓаните. Катна гаража не мислам да правам и тука ќе има зелена површина, бидејќи и тоа е барање на граѓаните. Неколкупати веќе кажав, но и сега да повторам, немам намера да градам општинска административна зграда. Значи, 55 катница нема да никне, ниту сантиметар зеленило ќе се уништи, ниту едно дрво ќе се исече“, рече Жерновски.

Sredba so gragjani - Debar Maalo 9 (3)

„Жителите на овој дел од Дебар Маало се изненадени, но и крајно револтирани како може владата, три парцели да ги прогласи дека се од посебен интерес, планирајќи тука да гради станбени објекти и хотелски комплекс. Ова, појасни градоначалникот Жерновски, мора да го направи сред летни одмори, донесувајќи правилник на 21-ви јули. Граѓаните сами предложија дека треба да се организираат во борбата со градежната мафија.

И за денеска е предвидена средба со граѓани во 17 часот, кај пазарчето Буњаковец“, велат од Општина Центар.

Sredba so gragjani - Debar Maalo 9 (4)

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ