Жители на беровското село Русиново остануваат на терен откако синоќа гаснеа пожар кај месноста Св.Марко

Од:

Жители на беровското село Русиново остануваат на терен откако синоќа гаснеа пожар кај месноста Св.Марко. Пожарот кој до ТППЕ Берово беше пријавен доцна синоќа, прва го забележала Сања Мирчовска, жителка на селото која информираше дека веднаш потоа поголема група граѓани се упатиле кон опожарената локација.

-Во првите 20 минути од дојавата, на терен пристигнаа повеќе од 200 лица – претежно млади жители од Русиново и околните населби – кои со организирано дејствување учествуваа во гаснењето. Нивната самоиницијативност и солидарност одиграа клучна улога во спречување на поголема катастрофа, информира Мирчовска.

Особена благодарност од Месната заедница во Русиново упатија до Територијалната противпожарна единица од Берово, како и до ЈП „Национални шуми“ – Подружница Берово, кои интервенираа навремено со механизација и опрема.

-Секоја чест за сите што излегоа на терен. Голема благодарност до младината – покажаа што значи заедништво и грижа за родната земја, изјавија од месната заедница во Русиново.

Пожарот е локализиран без пријавени повредени лица или оштетени домови, а проценката на евентуално настаната штета на шумскиот појас сè уште е во тек.

Локалните власти апелираа на внимателност и одговорност, особено во периоди со високи температури.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он