Жител од Горно Седларце повреден од ловечка пушка

Од:

Жител на тетовското село Горно Седларце вчера бил застрелан со сачми додека ги шетал своите кучиња помеѓу селата Горно Седларце и Камењане.

Од МВР информираат дека А.Х. (51) слушнал пукање од ловечка пушка, а потоа почувствувал болка и крварење во пределот на градите и стомакот. Успеал да дојде до патот каде со автомобил поминал Д.М. (37) од истото село, кој го однел во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош. Констатирани му биле повреди од шест сачми во пределот на градниот кош и абдоменот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка