Жител на село Зрновци повреден при пад од скеле

Од:

Педесет и шестгодишниот Д.И. од село Зрновци, кочанско, вчера при вршење градежни работи на објект во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид паднал од скеле во висина од 1.80 м, а врз него паднала греда. Повредениот околу 16 часот бил донесен во болницата.

МВР информира дека на повредениот веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска.

Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип