Жител на село Форино ранет со нож по тепачка во Гостивар

Од:

Дваесет и седумгодишен жител на селото Форино е згрижен во гостиварската болница, откако по тепачка со соселанец бил прободен неколку пати со нож.

Според СВР Тетово, тепачката се случила околу 12 часот и 45 минути на булеварот „Гоце Делчев“, во близина на диспанзерот за Трудова медицина. По куса расправија Б.Д. (30) од Форино извадил нож и со него повеќе пати го удрил Б.Н. (27). Од исечениците, Б.Н. обилно крварел и бил пренесен на ургентното одделение на гостиварската општа болница.

Полицијата, набрзо го привела Б.Д. и работи на утврдување на мотивите и расветлување на околностите под кои се случилнастанот.

Во тек е увид на истражен судија и екипа на крим техника од полицикста станица Гостивар.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип