Жител на Радишани физички нападнат од две непознати лица

Од:

Жител на скопската населба Радишани синоќа во Единицата за известување и командување пријавил дека околу 17.30 часот физички бил нападнат од две непознати лица.

МВР соопшти дека додека В.Р. (39) се движел по ул. „Радишанска“ со неговото патничко возило „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата сопруга и неговата ќерка, во еден момент патничко возило „Пасат“ со непознати регистарски ознаки, кое се движело пред него, без предупредување нагло закочило.

Изреволтиран поради постапката, В.Р. го сопрел своето возило, излегол и се упатил кон возилото пред него. По кратка расправија, од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале В.Р., кој загрозен за неговата сигурност, почнал да им возвраќа на ударите. Откако некој од присутните пријавил во полиција, едното лице избегало, а другото влегло во возилото и со возилото го удрил В.Р., кој паднал на хаубата и со главата го удрил ветробранското стакло. После 100 метри возилото закочило и В.Р. паднал од хаубата.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на настанот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР