А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Жител на неготинско Пепелиште обвинет за убиство откако со нож ја нападнал сопругата

by А1он04/12/2020 - 20:04854
Share0

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43–годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

Осомничениот на 4 декември 2020 година, околу 5.00 часот, во настаната расправија и вршење на семејно насилство, со намера да ја лиши од живот, со нож повеќе пати ја нападнал неговата сопруга во пределот на главата. Со тие дејствија на оштетената и нанел повреди во вид на посекотини во пределот на лицето и десната подлактица. Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата, по што осомничениот се дал во бегство.

Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

crna hronikaosnovno javno obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Обвиние за поранешната директорка на прилепската болница за проневера

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 10:0829/01/2026 - 13:31

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 16:56

JO ги покани семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите

А1он28/04/2025 - 18:38

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“

А1он27/02/2025 - 21:22

Акција „Адитив“ – 23 лица под истрага за криминал против јавните финансии, платниот промет и стопанството

А1он10/12/2024 - 17:17

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен