Жител на мавровското село Присојница им покажал на полицајци преправана италијанска возачка дозвола

Од:

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе крвична пријава против жител од селото Присојница, општина Маврото и Ростуше за сторени две кривични дела утврдени при сообраќајна контрола.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистината содржина“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.А.А.(41) од селото Присојница, општина Маврово Ростуше, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека при извршена сообраќајна контрола на 13 декември минатата година, пријавениот на полициските службеници им покажал италијанска возачка дозвола на која, по преземени мерки било утврдено дека се направени нелегални исправки и корекции во годината на нејзината важност.

Димоски исто така информираше дека продолжуваат полициските контроли за почитувањето на мерката за носење заштитна маска.

Во изминатите денови од месецов,според него, издадени се дваесеттина платни налози за непочитување на оваа мерка за спречувањето на ширењето на Ковид-19, додека во првите два месеца од годинава околу 150 платни налози.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски