Жител на кичевското село Грешница тешко повреден во сообраќајка кај Зајас

Од:

Жител на кичевското село Грешница синоќа се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајка, што се случила на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Зајас.

-Вчера, околу 19:10 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Зајас, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „ Фолксваген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(21) од кичевското село Грешница и возило „Мерцедес“, со албански регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Република Албанија, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Притоа, Д.Б се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

На местото на сообраќајната незгода, увид изврши увидна екипа од полициската станица Кичево, објасни Димоски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он