Жител на Гостивар измамен од две непознати лица, му зеле 72 илјади денари

Од:

Вчера околу 13.00 часот Т.Д. (69) од Гостивар пријавил дека истиот ден во населбата Малеарди бил измамен од две непознати лица. Непознатите лица го пресретнале и му се претставиле дека едниот е од Србија, а другиот од Израел.

Тие му кажале дека претходно им се случила сообраќајна несреќа и дека во авто-сервис не им ги примале чековите за да го поправат возилото, а морале да ја однесат сопругата на едниот од нив во болница. Притоа, лицето што се претставило како Израелец од кутија извадил „дијамант“ и му го оставил на Т.Д. како гаранција дека ќе се вратат, доколку им даде 72.000 денари. Т.Д. им ги дал парите во апоени од по 2.000 денари, но тие не се вратиле.

На Т.Д. набргу му станало јасно дека дијамантот е лажен и дека е измамен од двете непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија